Кина најавува мерки како одговор на американските царини за челик

12.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кина најавува мерки како одговор на американските царини за челик

-Акцијата на САД сериозно ги крши прописите на Светската трговска организација и сериозно му штети на мултилатералниот трговски систем, рече Мао Нинг, портпаролка на кинеското Министерство за надворешни работи, на редовната прес-конференција.

Таа рече дека Пекинг ќе ги преземе сите неопходни мерки за да ги заштити своите легитимни права и интереси.

Зголемувањето на американските тарифи за челик и алуминиум стапи денеска во сила, што претставува нова етапа во трговската војна меѓу САД и нивните главни трговски партнери.

Американскиот претседател Доналд Трамп, чиј втор мандат во Белата куќа започна во јануари, веќе воведе царини за увоз на челик и алуминиум за време на неговиот прв мандат (2017-2021), но овие нови царини, како што рече Трамп кога ги објави на почетокот на февруари, се воведуваат без исклучоци или олеснувања.

Кина е најголемиот светски производител на челик, но не е главен снабдувач на САД.

Европската комисија веќе реагираше на американското воведување дополнителни царини за челик и алуминиум од 25 отсто, најавувајќи денеска дека од 1 април ќе применува „пропорционални“ царини за голем број американски производи. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата