Поранешниот филипински претседател пристигна во Хаг,ќе му се суди за убиство на над 30.000 луѓе

12.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поранешниот филипински претседател пристигна во Хаг,ќе му се суди за убиство на над 30.000 луѓе

Авионот во кој се наоѓал поранешниот лидер на оваа југоисточна азиска земја слетал на аеродромот во Ротердам нешто пред 17 часот по локално време, објави Си-Ен-Ен.

Тој требаше да слета околу 6 часот наутро, но беше одложено по долгото застанување во Дубаи, каде Дутерте беше подложен на медицински прегледи.

Тој беше уапсен за наводни злосторства против човештвото по наредба на Меѓународниот кривичен суд (МКС), со седиште во Хаг, рано во вторникот.

Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Јуниор изјави дека полицијата го привела Дутерте кога се вратил од патувањето во Хонг Конг и го испратила до Меѓународниот кривичен суд.

Случајот на Меѓународниот кривичен суд се фокусира на илјадници убиства што се случија за време на бруталната акција на поранешниот лидер против нелегалната трговија со дрога од 2011 година, кога тој беше градоначалник на градот, до крајот на неговиот претседателски мандат во 2022 година.

Полицијата соопшти дека повеќе од 6.200 луѓе биле убиени во престртелки додека тој бил претседател од 2016 до 2022 година.

Групите за човекови права и обвинителот на МКС велат дека можеби биле убиени околу 30.000 луѓе.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата