Хаос во авион: Патник вреска и тврди дека насекаде има змии- пилотот веднаш реагира

22.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хаос во авион: Патник вреска и тврди дека насекаде има змии- пилотот веднаш реагира

Членовите на екипажот и другите патници биле шокирани кога младиот човек во паника почнал да вика: „Во авионот има змии! Мора да слетаме“.

„Неверојатно страшно“

„Звучи смешно, но сите беа исплашени. Никој не знаеше што се случува, дали некој навистина видел змија во кабината“, изјавил еден од сведоците.

Вознемирениот млад човек носел маица украсена со цртежи на змии, а по првичното викање, наводно почнал да се заканува и да ги плаши присутните, пренесува The Sun.

"Беше неверојатно застрашувачки. Се верува дека бил под дејство на алкохол или дрога и во таа состојба си замислил дека змиите на неговата кошула се вистински", додало истото лице.

Пилотот немал друг избор освен да го сврти авионот и да слета на аеродромот во португалскиот град Фаро.

Реагираше и полицијата

„Тоа беше разумна одлука, а безбедноста на патниците и членовите на екипажот беше најважна“, се вели во соопштението.

Присилното слетување значеше и четиричасовно доцнење за патниците, кои мораа да го чекаат следниот лет за Маракеш, Мароко, за време на велигденскиот викенд.

По слетувањето, полициските службеници го извадиле патникот од Ербасот А320, кој околу 23 часот пристигнал на дестинацијата во Мароко.

Бизарната случка потсетувала на култниот филм „Snakes On A Plane“ од 2006 година, со Семјуел Л. Џексон во главната улога.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата