Израелската влада ќе купи 35.529 бомби Mк-84 или BLU-117E, како и дополнителни 4.000 продорни боеви глави I-2000 Penetrator. Покрај бомбите, договорот вклучува резервни делови, потрошен материјал, дополнителна опрема, поддршка за поправка и транспорт.
Овие бомби се стандарден модел на американското воено воздухопловство и се користат низ светот за уништување на живи цели и фортификациски објекти, со можности за зголемена прецизност, пишува Дневни аваз.
Бомбата Mк-84 при експлозија создава кратер широк до 15 метри и длабок 11 метри, а може да продре до 38 сантиметри во метал и три метри во бетон, зависно од висината на испуштање. Нејзиниот смртоносен радиус изнесува 120 метри, а на поширокото подрачје може да предизвика сериозни повреди, внатрешни крварења и други последици.
Освен класичните Mк-84, Израел ќе набави и продорни боеви глави I-2000 Penetrator, кои се наменети за уништување на бункери, фортификациски објекти и подземни складишта.
Набавката на ваков голем број бомби го рефлектира разорниот интензитет на војната што Тел Авив ја води во Појасот Газа и јужен Либан. Оваа испорака веројатно претставува обнова на потрошените залихи од тие воени операции, посочува Аваз.