Иранскиот претседател го потпиша указот за суспендирање на соработката со МААЕ

2.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иранскиот претседател го потпиша указот за суспендирање на соработката со МААЕ

„Пезешкијан го издаде указот за суспендирање на соработката со МААЕ“, се наведува во соопштението.

Агенцијата наведува дека, по израелските и американските напади врз нуклеарните постројки на Иран, пратениците усвоија закон насловен како „Суспендирање на соработката на Исламската Република со Меѓународната агенција за атомска енергија со барање за две итни мерки“.

Еден член од законот наведува дека, „со оглед на кршењето на националниот суверенитет и територијалниот интегритет на Иран од страна на ционистичкиот режим и САД во врска со мирнодопските нуклеарни постројки на земјата и заканата за врвните интереси на Иран, врз основа на член 60 од Виенската конвенција за договори од 1969 година, владата е должна веднаш да ја прекине сета соработка со Меѓународната агенција за атомска енергија врз основа на Договорот за неширење на нуклеарно оружје (NPT) и нејзините заштитни мерки, сè додека не се исполнат одредени услови, вклучително и обезбедување на безбедноста на постројката и научниците“.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата