Европската унија минатата година извезла железо и челик во вредност од 77,8 милијарди евра

12.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Европската унија минатата година извезла железо и челик во вредност од 77,8 милијарди евра

Годишната вредност на увозот на овие производи изнесува 73,1 милијарди евра, така што во овој сегмент на трговијата е забележан суфицит од 4,7 милијарди евра, соопшти денеска Евростат.

Во однос на 2019 година, вредноста на извозот на горенаведените производи е зголемена за 15,2 отсто, а на увозот за 23,7 отсто, пред се поради порастот на цените. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата