Два разорни земјотреси ја потресоа Венецуела се проценува дека бројот на жртвите ќе биде огромен (ВИДЕО)

25.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Два разорни земјотреси ја потресоа Венецуела се проценува дека бројот на жртвите ќе биде огромен (ВИДЕО)

Земјотресите соборија голем број згради. Луѓето во урнатините бараат помош. Во Каракас прогласена е вонредна состојба. Според официјалните податоци, првиот земјотрес бил со јачина од 7,2 степени, додека вториот, уште поразорен, бил со јачина од 7,5 степени според рихтеровата скала. Главниот аеродром во Каракас е затворен, возовите не сообраќаат, обемот на штетата сè уште се проценува, но се верува дека е огромна. Зградите се без струја, а метрото  е целосно затворено, јавува Ванеса Силва од Би-Би-Си од Каракас. Земјотресите, можеа да се почувствуваат дури до Богота, Колумбија. Венецуела славеше национален празник , а многу луѓе  биле дома кога се случија земјотресите.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата