Зошто сега Перез и Карло молчат: Дури и читателите на “Марка“ велат дека немало пенал за Реал! (ФОТО+ВИДЕО)

30.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зошто сега Перез и Карло молчат: Дури и читателите на “Марка“ велат дека немало пенал за Реал! (ФОТО+ВИДЕО)

Откако цела сезона ја “тероризираат“ фудбалската јавност во Шпанија па и во Европа за тоа дека Реал Мадрид е редовно оштетуван од судиите, вчера и денеска од страна на Флорентино Перез и Карло Анчелоти молк по се она што се случи на вчерашниот меч меѓу Реал и Легањес.

Малку е да се каже судиска кражба, сите се во шок како судијата пресуди дека имало пенал за “кралевите“ за да потоа Мбапе погоди за 1:0. Тоа само тој го знае, а веројатно и раководството на Реал.

Тоа беше во најмала рака скандал, едноставно на овој меч Реал МОРАШЕ да победи.

Интересно е тоа што “Марка“ која важи за весник блиска до Реал Мадрид имаше анкета на која гласаа нејзините читатели за тоа дали имаше или не пенал за Реал. Од тие 40.000 гласови, до пред некој час, дури 75 насто од читателите велат дека немало пенал по стартот на Оскар врз Ѓулер.

По ова се е јасно.

И повторно каде се сега Перез и Анчелоти да “кукаат“ дека сите се против нив.

Уште ако УЕФА го казни Мбапе со 10 меча забрана за настап, по она фаќање долу по гениталиите по мечот со Атлетико ќе биде “СМЕЕЊЕ“.

А секако дека треба, од видето убаво се гледа што прави Килијан и како ги “поздрави“ домашните фанови на “Метрополитано“.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата