Сензационално: Влаховиќ следната сезона во нападот на Барселона?!

1.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сензационално: Влаховиќ следната сезона во нападот на Барселона?!

Одамна е познато дека Душан Влаховиќ е на излезна врата од Јувентус. Најплатениот фудбалер во Серија А не ги задоволи вкусовите во гигантот од Торино, па така сега раководството на овој клуб бара начин како да се ослободи од Србинот по секоја цена, ако треба ќе го продаде и за половина од она што и го даде на Фиорентина за тогаш еден од најголемите трансфери во Италија.

Месеци наназад се споменуваа клубови од Англија, потоа ПСЖ, па и Фенербахче, но се чини дека Влаховиќ е најблиску до Барселона.

Каталонците имаат две опции, едната е Осимен кој чини 75 милиони евра, а втората е Влаховиќ кој чини двојно помалку.

Роберт Левандовски игра во супер форма, секако дека ќе остане во Барса барем уште една – две години, но сепак годините го прават своето.

Сепак останува да се види како ќе се одвиваат работите до јуни.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата