Зборови кои нема да му се допаднат на Меси:„Многу ни недостигаше џуџето, но и без него…“!

26.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зборови кои нема да му се допаднат на Меси:„Многу ни недостигаше  џуџето, но и без него…“!

Монументална Аргентина….се дел од насловите по се она што се случи утринава на “Монументал“ во Буенос Аирес во меч во кој Аргентина со 4:1 просто го декласира Бразил. Ако беа искористени само дел од шансите резултатот ќе беше и 8:1.

Светскиот првак настапи без Меси, Лаутаро, Дибала, но сепак беше пресилен за Винисиус и другарите.

По средбата во изјава за медиумите Родриго Де Пол даде малку чудна изјава:

Многу ни недостигаше џуџето, но и без него победивме. Најважно е тој да заздрави од повредата. Сепак ни му покажавме на капетанот дека го оставил бродот добро подмачкан“ истакна Де Пол.

Инаку играчот за врска на Атлетико Мадрид важи за голем пријател на Лео и важи за негов телохранител на теренот.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата