Еве што одговори Дон Карло на прашањето дали ќе биде селектор на Бразил!

29.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Еве што одговори Дон Карло на прашањето дали ќе биде селектор на Бразил!

По мало затишје од неколку месеци, посебно по отказот кој го доби Доривал Жуниор, одново Карло Анчелото е во центарот на вниманието околу тоа дали ќе ја преземе селекторската функција на најтрофејната селекција во историјата на фудбалот. Тука пред се мислиме на трофеите од СП.

Па така на пресот по повод денешниот меч со Легањес, Дон Карло на прашањето дали ќе биде новиот селектор на Бразил, тој го даде најкусиот можен одговор.

Не!“…тоа беше одговорот на Италијанецот на новинарското прашање.

Јас сум под договор со Реал Мадрид и на таа тема не знам што би додал. Ја почитувам селекцијата на Бразил, играчите и фановите на таа репрезентација, но јас имам договор со Реал и тука се е јасно“ дополни Дон Карло.

Колку за потсетување, во моментов во Реал Мадрид играат дури четворица репрезентативци на Бразил, а тоа се Винисиус, Родриго, Едер Милитао и Ендрик.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата