Винисиус Жуниор е разочаран од настапот на бразилската репрезентација во тешкиот пораз од Аргентина со 1:4 во светски квалификациски натпревар за СП. Тој и неговиот тим примија три гола пред паузата и генерално беа непрепознатливи.
„Одигравме многу лошо, додека противникот прикажа одличен фудбал пред своите навивачи. Треба да се преиспитаме, бидејќи ова е недозволиво. Не смееме да се откажеме, туку мора да го подигнеме нивото, бидејќи до Мундијалот е само една година“, изјави напаѓачот на Реал Мадрид.
Вини цело време остана на теренот и доби една од најниските оценки.
Бразилците се само четврти во поредокот, но за нивно олеснување, првите шест селекции директно ќе се пласираат на Светското првенство, а седмата ќе игра во плејоф. Аргентинците сега се 100% сигурни во финалето во САД, Канада и Мексико.