Сезоната од соништата за тимот на Нотингем Форест продолжува. Предмалку овој тим обезбеди пласман во полуфиналето од ФА купот на Англија, откако по подоброто изведување на пеналите беше подобар од тимот на Брајтон.
Регуларните деведесет минути завршија без голови, а потоа во пенал рулетот гостите беа поумешни.
Во серија беа промашени три пенали, два од страна на домаќинот, а клучните два во четвртата и петтата серија ги погодија Миленковиќ односно Јејтс.
Претходно тимот на Кристал Палас обезбеди пласман во полуфиналето, а утре се играат дуелите, Престон Астон Вила односно Борнмут – Манчестер Сити.