Тилеманс и Лукаку ја “решија“ Хрватска!

2.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тилеманс и Лукаку ја “решија“ Хрватска!
ФОТО:.facebook.com/cff.hns/

Вечерва во Ријека, во пријателски натпревар, Хрватска беше поразена од Белгија со 0:2. Стрелци на головите беа Тилеманс во 38.минута и Лукаку во 90+6.минута.

Ова беше и за двете селекции претпоследна проверка пред настапот на СП 2026 кое започува на 11 јуни.

Секако дека и двајата селектори, Златко Далиќ и Руди Гарсија комбинираа со составите, направија по десет измени, но исто така јасно е дека “коцкестите“ и не се во којзнае каква форма.

Којзнае, можеби Далиќ ги крие картите што се вели, ако се знае дека првиот меч Хрватите го играат на 17 јуни и тоа против екстра силната селекција на Англија.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата