Рашфорд тренира сам во базата на Јунајтед и покрај што е отпишан

9.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рашфорд тренира сам во базата на Јунајтед и покрај што е отпишан
Фото: Маркус Рашфорд/Инстаграм

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, тренира сам во тренинг-базата Карингтон, и покрај тоа што доби дозвола од клубот да биде отсутен за да организира трансфер.

Играчите на „црвените ѓаволи“ се вратија на предсезонски тренинг во понеделник, но пет играчи на кои Рубен Аморим нема да смета добија повеќе време да се обидат да организираат трансфери. Тоа се Рашфорд, Алехандро Гарначо, Антони, Џејдон Санчо и Тирел Маласија. Сите тие имаат пристап до базата и рехабилитацискиот центар, но не се очекува да учествуваат на тренинзите на тимот. Од таа група, само Рашфорд тренира од првиот ден, иако индивидуално.

Дресот со број 10, кој напаѓачот го носеше на „Олд Трафорд“, веќе му е даден на новото засилување Матеус Куња, што е уште една потврда дека Рашфорд нема иднина во Манчестер Јунајтед.

27-годишниот англиски репрезентативец, кој ја помина втората половина од минатата сезона на позајмица во Астон Вила, се поврзуваше со Барселона и Баерн Минхен.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата