Џамал Мусиала, за прв пат по сериозната фрактура здобиена на мечот против ПСЖ за време на Светското клупско првенство во САД, се појави во јавноста.
Мусиала заработи скршеница која што го шокираше светот, во дуелот со Џиџи Донарума. Веднаш беше пренесен во локална болница, па транспортиран во Германија, каде што му беше извршена операцијата.
Тој веќе ја започна рехабилитацијата, а најде време и простор да и се обрати на јавноста.
„Благодарам на сите оние кои што ми израција поддршка, и што ме контактираа. Се чувствувам добро. Не обвинувам никого за она што се случи, вакви работи се дел од фудбалот“ – рече Мусиала.
Донарума беше еден од првите кои го посети Мусиала во болница.
Jamal Musiala's message following his surgery pic.twitter.com/SCYgGmc9ri
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) July 9, 2025