За вечерва во 21 часот, на стадионот “МетЛајф“ во Њу Џерси, закажано е второто полуфинале на Светското клупско првенство. Се среќаваат ПСЖ и Реал Мадрид. Значи европскиот шампион против “кралевите“, значи најдобриот тим во светот во овој момент против најголемиот клуб на планетава.
И кога е така, а така е, тогаш јасно е дека се очекува само спектакл и ништо помалку. “Машината“ на Луис Енрике има намера на европската титула да ја додаде и светската. Уф, каков успех ќе биде тоа. Уште повеќе ако се знае дека за Реал Мадрид ќе игра и Килијан Мбапе, кој лани ова време се пресели од Париз во Мадрид и остана без титулата во ЛШ.
Познато е колку Килијан и газдите на ПСЖ се “закрвија“ што се вели, можеме, само да претпоставуваме што ќе биде за време на мечот, но и после него, секако.
Познато е дека победникот од овој дуел ќе се пласира во големото финале, кое се игра на 13 јули (недела), исто на овој стадион во Њу Џерси, а таму веќе е Челзи.
Во секој случај останува да се види кој ќе му се спротистави на “сините“ од Лондон, ПСЖ или Реал?
Има место само за еден.
ФОТО: ПСЖ/Х
ФОТО: Реал Мадрид/Х