Во пресрет на утрешниот полуфинален дуел од Мундијалот во кој што ќе се сретнат репрезенатциите на Англија и Аргентина, градските власти во Атланта, пред се органите за ред и мир ја зголемите борбената готовност на максимум. Поточно, нивото на безбедност е кренато на највисоко пред се затоа што двете навивачки групации пристгнуваат во огромен број, а и двете имаат историја на насилно однесување.
Историјата на овие две репрезентации е таква што американските власти исклучително претпазливо но и подготвено го пречекуваат утешниот дуел. Секако, сеуште се свежи сеќавањата од воениот конфликт кој што се случуваше пред неколку децении и кои сеуште „влече корени“ што се вели и создава тензии.
„Додека Атланта се подготвува да биде домаќин на претстојниот полуфинален натпревар од Светското првенство во фудбал и пречекува огромен број посетители, Полициската управа на Атланта ја зголеми јавната безбедност низ целиот град“, се вели во соопштението на полицијата во Атланта.
„Дополнителен персонал и ресурси веќе се распоредени и ќе продолжат да бидат стратешки распоредени во и околу местата за настани, забавните области и другите области со голем сообраќај за да се обезбеди безбедно и пријатно искуство за сите. Овие мерки се дизајнирани да ја заштитат јавноста, да спречат криминални активности и да обезбедат жителите и посетителите безбедно да уживаат во овој историски настан“, соопшти полицијата на Џорџија.

