Силесен изведен на носилки, па итно опериран (ВИДЕО)

1.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Силесен изведен на носилки, па итно опериран (ВИДЕО)

Холандскиот голман, Јаспер Силесен мораше да ја напушти играта на половина од првото полувреме од натпреварот на неговиот Лас Палмас против Селта Виго поради удар во стомакот.

Тој беше изнесен од теренот со големи болки, а потоа беше објавено видео на кое се гледа како го ставаат на носилки во амбулантно возило.

Набрзо стигна информација дека Силесен повраќал веднаш штом излегол од теренот, како последица на повреди на внатрешните органи и дека итно бил опериран. Тој е во стабилна состојба по итната интервенција.

Силесен е поранешен голман на Барселона, Ајакс и Валенсија, како и на холандската репрезентација.

Натпреварот меѓу Селта и Лас Палмас заврши нерешено, со резултат 1:1.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата