Мареска има усмен договор со Манчестер Сити

19.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мареска има усмен договор со Манчестер Сити
Фото: Челзи/Твитер

Откако стана јасно дека Пеп Гвардиола нема повеќе да биде менаџер на тимот на Манчестер Сити, секако дека светот е во искечување на неговиот наследник.

Според медиумите во Англија, тоа е неговиот некогашен помошник Енцо Мареска. Италијанецот наводно веќе има усмен договор со менаџментот на Сити, и имал неколку состаноци на темата.

Во игра е тригодишен договор, кој што секако ќе има еден куп опции, и клаузули за евентуалниот успех или пак неуспех.

Медиумите веќе објавија дека дуелот против Астон Вила е последниот на Гвардиола како менаџер на Сити, и дека е организирано збогување на прописен начин со легендарниот стратег.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата