Иако веќе неколку месеци се коментира дека Алесандро Бастони е многу блиску до трансфер од Интер во Барселона, последните информации велат нема ништо од тоа.
Според добро информираниот новинар Матео Морето, германскиот стручњак јасно му кажал на спортскиот директор Деко дека Бастони нема карактеристики потребни за видот на одбрана каква што сака да изгради. Системот на игра на Флик бара агресивен пресинг и многу висока бековска линија, а тој верува дека италијанскиот интернационалец не би бил најдобар во покривањето на просторот зад одбраната.
Поради овој стил, дефанзивците во тимот на Флик мора да бидат исклучително брзи и способни да одбранат голем простор. Иако Бастони се истакнува во одбранбениот систем на Интер од тројца играчи и се смета за еден од најдобрите дефанзивци кога станува збор за градење на играта, Флик оцени дека неговиот профил едноставно не се вклопува во визијата за новата Барселона. Сепак, додека Барселона се откажува, на повидок е голем пресврт. Според извештаите на медиумите од Шпанија, Реал Мадрид сега влегува во трката за одличниот дефанзивец, по иницијатива на Жозе Мурињо, кој се споменува како нов тренер на Кралскиот клуб.
Тоа значи дека Бастони би можел да се пресели во Ла Лига, но во Барса туку во Реал Мадрид.

