Манчестер Јунајтед го промовираше Андре Сантос!(ФОТО)

13.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Манчестер Јунајтед го промовираше Андре Сантос!(ФОТО)
ФОТО:facebook.com/manchesterunited/

Манчестер Јунајтед го потпиша младиот играч од средниот ред Андре Сантос, објави клубот официјално. Иако сумата не е официјално објавена од клубот, медиумите во Велика Британија објавија дека од „Олд Трафорд“ се согласиле да муплатат на Челзи 48 милиони фунти плус уште два бонуси.

Бразилецот е првото ново засилување откако Мајкл Карик го презеде тимот. Двете страни се согласија за договорот во среда минатата недела, но Андре Сантос потоа мораше да помине медицински прегледи пред да го потпише договорот. Договорот на играчот ќе биде за пет сезони до летото 2031 година, плус опција за дополнителна сезона од страна на клубот.

Играчот од средниот ред пристигна на „Стемфорд Бриџ“ во 2003 година, кога Лондончани платија 12,5 милиони евра за него од Васко де Гама. Играчот беше последователно позајмен во Нотингем Форест и Стразбур, а минатата година постигна 3 гола и 4 асистенции со тимот на „сините“ во 43 натпревари.

Сепак, тој беше повеќе ротациски играч, бидејќи тешко можеше да се справи со конкуренцијата од играчи како Енцо Фернандез, Мојсес Каиседо и Ромео Лавија.

Сантос пристигнува на „Олд Трафорд“ со цел да го зајакне средниот ред, кој беше значително ослабен со заминувањето на Касемиро. Претходно денес, сите медиуми објавија дека Манчестер Јунајтед постигнал договор и за Јури Тилеманс од Астон Вила, чија откупна клаузула од 41 милион евра ќе биде платена во догледно време.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата