„Кралевите“ победуваат и со десетмина: Мбапе за победички Реал (ВИДЕО)

13.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Кралевите“ победуваат и со десетмина: Мбапе за победички Реал (ВИДЕО)
фото: Real Madrid C.F. (X)

Фудбалерите на Реал Мадрид славеа на гостувањето против Реал Сосиедад со 2:1 во четвртото коло од Ла Лига. Херој на Реал Мадрид беше стрелецот, а потоа и асистент, Килијан Мбапе.

Реал Мадрид започна силно и во 12-тата минута Килијан Мбапе постигна гол за 0:1 (ВИДЕО). По половина час игра, Реал остана со играч помалку, бидејќи Дин Хојсен, како последен играч, го повлече Ојарзабал и судијата Хил Мансано немаше дилема и веднаш му покажа црвен картон.

И покрај тоа што играа со играч помалку, гостите стигнаа до вториот гол во финишот на полувремето, кога Арда Ѓулер постигна гол за 0:2, по асистенција од Ембапе.

Реал Сосиедад во 56-тата минута преку Ојарзабал намали од пенал (ВИДЕО), а до крајот не успеа да се избори за реми.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата