По цели 7 години, Хамбургер се врати на „Алијанц Арена“, но денешното гостување нема да го запамети по добро. Актуелниот германски првак славеше со 5:0 и му нанесе уште еден кошмарен пораз на противникот, кој на последните 9 меча со Баерн (М) има примено неверојатни 55 гола.
Во триумфот вечерва, головите за баварскиот клуб ги постигнаа Гнабри, Александар Павловиќ, Кејн од пенал, Луис Диаз и уште еднаш Кејн.