Реал ќе се жали до ФИФА поради судењето во Ла Лига

13.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Реал ќе се жали до ФИФА поради судењето во Ла Лига
фото: L i n c o 1 n (X)

Реал Мадрид преку својот клупски ТВ канал најави дека ќе се жали до ФИФА во врска со судењето во Ла Лига. Денес, мадридскиот клуб го победи Реал Сосиедад со 2-1 во 4. коло од Ла Лига, но во 32. минута, дефанзивецот на „кралевите“ Дин Хојсен доби директен црвен картон поради тоа што прекина контранапад на противникот, соборувајќи го Микел Ојарзабал близу центарот на теренот.

Клупската телевизија на Реал Мадрид објави дека клубот ќе поднесе жалба до ФИФА „поради судиски грешки во првите четири кола од Ла Лига, како и оние од минатата сезона“.

„Ова првенство е вистински срам. Реал Мадрид остана со десет играчи. Хојсен беше исклучен, а Чаби Алонсо доби жолт картон, очигледно затоа што беше лут, како и сите навивачи на Реал Мадрид. Тоа е срам за првенството“, објави телевизијата.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата