Борусија (Д) ја одби првата понуда на Барса за Адејеми

10.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Борусија (Д) ја одби првата понуда на Барса за Адејеми
фото: Borussia Dortmund (X)

„Атлетик“ пишува дека понудата на Барселона за Карим Адејеми е одбиена.

Каталонците, ова лето веќе го потпиша Ентони Гордон, но сакаат да добијат уште едно освежување во нападот.

Претходно беше објавено дека шпанскиот шампион испратил понуда за Карим Адејеми до екипата на Борсусија (Д), но истата веднаш била одбиена.

Договорот на 24-годишниот Карим Адејеми истекува за една година, и затоа Дортмунд е во малку тешка ситуација доколку инсистира на богат договор. Самиот фудбалер веќе се договори со Барселона за условите на долгорочен договор.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата