Во обвинението се наведува дека Поповиќ е обвинет за намерно поттикнување и јавно ширење омраза и нетрпеливост меѓу етничките групи, на 18 јули годинава во Ораховац.
Во соопштението, Обвинителството тврди дека Поповиќ се изјаснил за виновен за кривичното дело за кое се товари и додава дека врз основа на тоа, до Основниот суд во Приштина е поднесена спогодба за признавање вина.
Поповиќ беше уапсен на 18 јули на преминот Брњак.
На 20 јули, Основниот суд во Приштина му одреди притвор до 30 дена.