Ја прекина програмата за да даде важна објава, а потоа покажа кон прекрасните мачиња на кои им требаат родители-посвоители!
„Тие се во одлична состојба“
Буга ги покажа прекрасните крзнени суштества, кои стоеја на неговата маса, и им откри на гледачите дека ги донесе на свет Лејла, мачката која е омилена на целата телевизиска станица.
„Ги исчистивме мачињата од паразити и ги стерилизиравме. Тие се во одлична здравствена состојба. Им дадовме прекрасен простор за живеење, но дојде време да ги предадеме на некој што ќе се грижи за нив со еднаква љубов“, рече Буга.
Очи полни со солзи
Тој објави видео на својот Инстаграм профил и додаде дека толку се навикнал на мачињата што очите му се наполнија со солзи додека ја пишувал пораката, пренесува Net.hr.
Водителот им се заблагодари на колегите, бидејќи цело време бдееја над Лејла и нејзиното потомство, а видеото „собра“ над два милиони прегледи за краток временски период.