Колекција чинии, насликани од Пикасо на аукција во Женева се продаваат за астрономска цена

13.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Колекција чинии, насликани од Пикасо на аукција во Женева се продаваат за астрономска цена

Директорот на аукциската куќа, Бернар Пике, рече дека станува збор за исклучителна колекција која е дело на самиот уметник.

Уникатни парчиња

Како што додаде Пике, ова се уникатни парчиња кои се дел од наследството на Пикасо, а неговите наследници му ги дале на пријател на почетокот на 1980-тите.

Анонимното лице било француски љубител на уметност чие име не е откриено, а по неговата смрт, наследниците одлучиле да ја понудат колекцијата керамика на продажба.

Колекцијата од седум парчиња е создадена помеѓу 1947 и 1963 година во работилницата Мадуро во Валорцин, југозападна Франција, и била јавно изложена за прв пат пред аукцијата.

„Цените се високи, но...“

Секое парче грнчарија се продава одделно, а се очекува две поголеми чинии украсени со гулаби да достигнат цена помеѓу 30.000 и 50.000 швајцарски франци (37.000 до 61.500 долари).

Третата чинија со мотиви од риби се проценува на цена помеѓу 20.000 и 30.000 франци. Исто така, има неколку парчиња теракота и чинии со други мотиви.

„Цените се високи, но не заборавајте дека ова се уникатни парчиња со единствена вредност“, рече Пике.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата