Во кал пронашол богатство старо 300 години, детал го поврзува со заборавен благородник

5.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во кал пронашол богатство старо 300 години, детал го поврзува со заборавен благородник

Тој поминал 18 месеци пребарувајќи поле во близина на градот Тетфорд и конечно пронашол „нешто посебно“. Ова се случило на почетокот на август 2024 година, но деталите се откриени дури сега.

Направен според упатствата

„Почнав да се тресам. Знаев дека е извонредно откритие“, изјавил тој за локалните медиуми.

Прстенот е пронајден на длабочина од 15 сантиметри, а според експертите од Британскиот музеј, бил направен според упатствата на англиски благородник кој починал додека ловел во 1723 година.

По детална анализа на богатството, необична трага ги одвела експертите до баронот од Харлинг, Сер Басингборн Годи, објавува Дејли Меил.

Кој бил сопственикот?

Имено, надворешниот дел од прстенот има вдлабнатина на која е прикажан череп, изработен во црна боја, додека внатрешноста е украсена со следната гравура: „Б.Г. Барт. об: 10. Окт: 1723. ает: 56“.

Историчарката Хелен Гик го преведе натписот и објасни дека тоа значи: „Б.Г. Баронет, почина на 10. Окт: 1723, на 56-годишна возраст“.

Можно е Сер Басингборн Годи да наредил изработка на неколку вакви прстени, кои биле поделени на пријатели или негови соработници по неговата смрт.

Сопственикот на прстенот, кој го пронашол Малколм Вил во Норфолк, со помош на детектор за метал, останува непознат. Архивите запишуваат дека Баронот од Харлинг не бил оженет, ниту пак имал потомци.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата