„Порта на пеколот“: Огнот гори 50 години без прекин, а сега научниците имаат чудна вест (ВИДЕО)

6.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Порта на пеколот“: Огнот гори 50 години без прекин, а сега научниците имаат чудна вест (ВИДЕО)

Огнената јама е создадена во 1971 година, кога советските истражувачи наишле на наоѓалиште на природен гас, мислејќи дека е извор на нафта.

Како сè започнало?

Советите поставиле логор, подготвиле дупчалки и друга машинерија. Истрагата започнала, а потоа сфатиле дека станува збор за природен гас, а не за „црно злато“.

Сепак, екстракцијата започнала, но одеднаш се отворил кратер, влечејќи ја дупчалката во земјата! Никој не загинал во уривањето, но почнале да протекуваат големи количини метан.

Во обид да спречат катастрофа, истражувачите го запалиле гасот, мислејќи дека ќе изгори за неколку дена, но ова се покажало како погрешна пресметка. Количината очигледно била огромна, а кратерот сè уште гори и денес, објавува Дејли Меил.

Во децениите што следеа, „Портата на пеколот“ станаа туристичка атракција, иако државата во еден момент планираше да ги закопа.

(Не)очекувани промени

Сепак, научниците сега објавуваат неочекувани вести. Пламенот во кратерот почнува да се смирува, односно е три пати помал отколку во минатото и може да се види само од блиску.

Директорката на енергетската компанија „Туркменгаз“, Ирина Лурјева, оваа недела на конференција за фосилни горива изјави:

„Претходно, огромниот сјај на пламенот беше видлив од неколку километри, па оттука и името „Порта на пеколот“. Денес, останува само слаб извор на согорување“.

Добри вести за екологистите

Се проценува дека Туркменистан има четврти најголеми резерви на природен гас во светот, претежно расфрлани во „џебови“ под пустината.

Мистериозниот кратер веројатно е поврзан со едно од „подземните складишта“ на метан, што му даваше речиси неограничено снабдување за согорување. Барем засега...

Најновите промени се добри вести за екологистите загрижени за протекувањето на природниот гас во Туркменистан.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата