Тамара Грујеска вечер пее на Сан Ремо џуниор (San Remo Junior 2025)

26.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тамара Грујеска вечер пее на Сан Ремо џуниор (San Remo Junior 2025)

Настапот на Тамара на 16-то издание на San Remo Junior – Светското финале ќе биде во легендарниот театар Аристон во Санремо од 21 часот. Изведувачите ќе ги придружува оркестарот на Сан Ремо составен од 32 музичари.

- По настапот на Junior Evrosong во Ница Франција повторно стапнувам на голема светска сцена. Ќе ја пеам во живо со евровизиската победничка песна Rise Like A Phoenix. Многу сум возбудена и покрај сè она што се случи во нашата земја и се надевам дека ќе ја добијам поддршката. Вечерашниот настап го посветувам на настраданите и нивните семејства во немилиот настан во Кочани. Ќе пеам за сите нив и во нивна чест, изјави Тамара за МИА.

Таа е претставничка на Македонија на овој престижен фестивал за деца и млади, во конкуренција на учесници од Казахстан, Белорусија, Франција, Јужна Африка, Црна Гора, Молдавија, Индонезија, Бугарија, Австралија, Италија, Украина, Бразил, Германија, Аргентина, Азербејџан, Финска, Узбекистан, Индија, Австрија, Романија, Русија, Тајланд, Ерменија и Малезија.

Во досегашната кариера Тамара Грујеска е добитничка повеќе Гранд при награди на фестивали во Русија, Србија, Грција. За овој настап, Тамара се подготвуваше со нашата реномирана артистка и музички педагог, Андријана Јаневска.

За годинава, Тамара има закажано повеќе настапи, межу кои и на фестивалот во Естонија Tallin Voice 2025 од 1 до 5 мај и на Musicland во Битола и Охрид 13 до 17 август.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата