Видеото е снимено на 19 јули и за кратко време „собрало“ над пет милиони прегледи. Гледачите го опишале како „комбинација од смешно и вознемирувачко“.
Натрапникот извикал
На почетокот, гледаме мајмун како ја фаќа рачката на вратата од терасата и се обидува да ја отвори. На крајот го сторил тоа, речиси како човек, додека во позадина жената извикала „не“.
Натрапникот влегол во собата, зел предмет од масата и се вратил на терасата. Во еден момент, ги покажал забите кон исплашената гостинка во хотелот.
Таа, исто така, објавила порака со видеото: „Потсетник секогаш да ги заклучувате вратите“.
@roasted.onion im still shaking #thailand #fyp ♬ Jet2 Advert - ✈️A7-BBH | MAN 🇬🇧
Мајмунот изненади многумина
Не е невообичаено животните да влегуваат во хотелски соби во некои тропски региони, но начинот на кој ова мајмунче „ракувало“ со кваката изненадил многумина, објавува Newsweek.
Гледачите беа насмеани на реакцијата на жената, а многумина оставија коментари.
„Не сфаќате колку е смешно ова во три часот наутро“, напиша едно лице, додека друго додаде: „Изгледа како да го правел ова и претходно“.