Руски лекари му напишаа отворено писмо на Путин за помош на Навали

10.12.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Руски лекари му напишаа отворено писмо на Путин за помош на Навали

Руски лекари објавија отворено писмо до рускиот претседател Владимир Путин во кое бараат да му се укаже третман на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој се разболе во затвор, јави ДПА.

Во писмото, потпишано од повеќе од 100 руски лекари денеска до пладне, се наведува дека одбивањето да се обезбеди лекување на Навални го прекршува рускиот Устав.

Во меѓувреме, медиумите објавија и дека драстично е влошено и здравјето на политичарот Алексеј Горинов од Москва, кој беше првиот што се спротивстави на војната против Украина и беше осуден за дискредитација на руската војска.

Во 2022 година, Горинов беше осуден на седум години затвор, откако на седница на московскиот парламент повика на минута молчење за „жртвите на воената агресија во Украина“.

Горинов (62) сега се соочува со нови обвиненија за „оправдување тероризам“, бидејќи разговарал со други затвореници за војната.

Според неговите адвокати, Горинов, кој има хронично белодробно заболување, веќе боледува од акутен бронхитис. „Алексеј нема сила ни да седи на стол и да разговара. Падна неколку пати“, рече неговиот адвокат, истакнувајќи дека затворските власти одбиле лекување за неговиот клиент. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата