Реновирале куќа кога под паркетот нашле 14 писма- се шокирале кога ги прочитале

27.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Реновирале куќа кога под паркетот нашле 14 писма- се шокирале кога ги прочитале

Откако го отстраниле подот, пронашле 14 мистериозни писма, а нивната содржина била доволно шокантна што решиле да ја споделат на социјалните мрежи.

Излегува дека тоа биле љубовни писма, но не  обични, бидејќи откриваат афера на еден од претходните станари, пренесува Мирор.

„Мојата сопруга и јас се обидувавме да ги споиме парчињата од мозаикот. Се чини дека еден од претходните сопственици, кој бил оженет, имал љубовна врска“, напишал мажот на популарната социјална мрежа.

Во некои писма, појасни тој, експлицитно стои дека треба да се уништат, што примачот очигледно не го направил.

 „Писмата беа скриени под дрвените греди на првиот кат. Ова е дел од историјата на зграда стара над 100 години“, додаде тој.

Contractors working in our basement found a package of letters hidden in the floorboards from in the 1920s.
byu/destructsean inmildlyinteresting

Иако откривањето на писмата би го скршило срцето на сопругата на претходниот сопственик, мажот признава дека се забавувал обидувајќи се да ги открие сите детали.

Корисниците на Редит го охрабрија да влезе во трага на мистериозната двојка за да го дознаат исходот од нивната врска, но тој тврди дека тоа е невозможно. Имено, никаде нема наведена адреса за враќање.

„Единствената трага за идентитетот е името Фреди“, им открил на љубопитните.

Едно лице советувало писмата да се чуваат во локална историска архива, каде што ќе бидат достапни за истражувачите.

„Овие документи, кои луѓето ги оставаат или кријат, изгледаат историски безначајни, но всушност се многу важни“, посочи тој.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата