Првата љубов на папата Франциск: Ако не се омажиш за мене, ќе станам свештеник

21.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Првата љубов на папата Франциск: Ако не се омажиш за мене, ќе станам свештеник

Многумина веруваат дека токму тоа искуство ги обликувало неговите животни вредности и начинот на кој ја водел Црквата, пренесе Иксњуз.

Тие беа соседи во Буенос Аирес

Амалија Дамонте живеела само неколку куќи подалеку од младиот Хорхе Марио Бергољо во скромната област Флорес во Буенос Аирес.

Како дванаесетгодишник, Хорхе развил силни чувства кон својата сосетка Амалија. Во напад на момчешки занес, тој ѝ напишал писмо кое подоцна станало познато ширум светот. „Ако не се омажиш за мене, ќе станам свештеник“, напишал тогаш младиот Хорхе, приложувајќи цртеж од бела куќа со црвен покрив во пораката - замислен заеднички дом.

Но, родителите на Амалија не ја одобрувале нивната љубов од детството. „Татко ми ме претепа затоа што се осмелив да му напишам писмо на едно момче“, изјавила Амалија за Асошиетед прес. Нивната строга забрана го означи крајот на таа кратка љубовна приказна, но во исто време и почетокот на духовното патување на Хорхе.

Папата Франциск е лево на фотографијата. До него се мајка му и татко му.

„Тој беше големо, зрело, прекрасно момче“

Не долго по прекинот на контактот, семејството Бергољо се преселило од улицата Мембрилар. Амалија го продолжила животот и основала семејство, додека Хорхе го избрал патот на духовната служба. Иако никогаш не ја обновиле својата врска, Амалија од далечина ја следела неговата свештеничка кариера и напредок во црквата. „Тој беше големо, зрело, прекрасно момче“, се сеќава Амалија. „Танцувавме, игравме на тротоарите и во парковите. Беше прекрасно време. И двајцата бевме скромни и се грижевме за сиромашните - во тоа бевме сродни духови“, тврди таа.

Марија Елена Бергољо, неговата сестра, еднаш рече дека не сакала нејзиниот брат да стане папа поради „бескрајната осаменост“ што ја носи таа улога. Амалија Дамонте, која сега има 88 години, со насмевка се присетува на тие денови на младешка посветеност, често велејќи: „За негова среќа, реков не“.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата