Принцот Вилијам и принцезата Кејт ги предводеа кралските почести за тригодишнината од смртта на кралицата

9.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Принцот Вилијам и принцезата Кејт ги предводеа кралските почести за тригодишнината од смртта на кралицата

Елизабета, најдолговечниот монарх во Велика Британија, почина на 96 години на 8. 9. 2022, во замокот Балморал - нејзиното летно одморалиште во Шкотска. За одбележувањето на годишнината, принцот Вилијам и Кејт го посетија Женскиот институт (ЖИ), којшто ѝ бил „близок до срцето“ на покојната кралица, објави „Јаху ентертејнмент“ (Yahoo Entertainment). Кралицата, инаку, беше член на ЖИ 80 години, и претседателка на огранокот близу нејзиниот дом во Сандрингам, во источна Англија од 2003 година до својата смрт.

Во истовреме, отуѓениот брат на Вилијам, принцот Хари се врати во долгоочекуваната посета на Велика Британија, оддавајќи ѝ почит на својата баба на нејзиното последно почивалиште.

Не се очекува средба меѓу Хари и престолонаследникот Вилијам за време на неговата посета на Велика Британија оваа недела. Сепак, според гласините, тој би можел да се сретне со својот татко, кралот Чарлс, првпат по 20 месеци.

„Икс“ профилот на кралското семејство објави слика од покојниот монарх со придружна порака: „Сеќавање на кралицата Елизабета II, 1926 - 2022“.

Кралот, пак, во мигов престојува во Балморал со својата сопруга, кралицата Камила, и не е најавено нивно јавно одбележување на годишнината. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата