Македонија, Црна Гора, Србија и Бугарија го имаат ова заедничко презиме: Изведено од една професија, само мал број се крвно поврзани

9.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Македонија, Црна Гора, Србија и Бугарија го имаат ова заедничко презиме: Изведено од една професија, само мал број се крвно поврзани

Кога станува збор за Македонија, Црна Гора, Србија и Бугарија предничи едно кое многумина не го очекувале, но на кое се многу горди поради возвишеноста на звањето од кое потекнало.

Кога ќе ја погледнете листата на 10-те најпопуларни, забележувате дека само едно презиме во себе крие професија.

Според статистика од Државниот завод за статистика за крајот на 2022 година, најчесто презиме во Македонија е Стојановски, но во овој случај не станува збор за ова презиме, туку за презимето Поповски, кое е изведено од професијата поп.

Во Македонија многу често презиме е и Поповски. Тоа е изведено од зборот поп (свештеник) и укажува дека некој предок бил свештено лице.

Иако најчестото презиме во државата е Стојановски, веднаш зад него меѓу најраспространетите се Јовановски, Николовски, па и Поповски.

Особено е интересно што презимето Поповски е најчесто во делови на источна и североисточна Македонија, а има и голема сличност со бугарското Попов.

The most common occupational related surnames in Europe
byu/vladgrinch inMapPorn

Во соседните држави иста ситуација

Во Србија тоа го носат речиси 50.000 жители и јасно е дека станува збор за презимето Поповиќ. Тоа е многу често во поголемиот дел од поранешна Југославија, а најмногу го има, покрај Србија, во Црна Гора и во Босна и Херцеговина. Може да се претпостави дека предокот, по кого настанало презимето, се занимавал со свештеничка должност, односно бил поп, слично како што е случај со презимето Протиќ.

Инаку, еден интересен факт покажува дека само мал број Поповиќи се крвно поврзани. Кај Бугарите варијацијата на презимето гласи Попов.

Кога станува збор за западните соседи, кај Хрватите најчесто презиме изведено од професија е Ковачевиќ, додека во Босна и Херцеговина тоа е Хоџиќ, пишува Блиц Жена. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата