Предупредување за туристите: Јадранското Море преплавено со медузи

31.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Предупредување за туристите: Јадранското Море преплавено со медузи

Според морските биолози, појавата на медузи во овој период од годината не е невообичаена, но нивниот број на одредени локации е значително зголемен. На тоа влијаат повисоките температури на морето, морските струи и промените во екосистемот.

Иако повеќето видови медузи во Јадранот не се опасни по живот, нивниот допир може да предизвика непријатни реакции како печење, болка, црвенило на кожата и алергиски симптоми кај почувствителни лица.

Експертите советуваат капачите да избегнуваат контакт со медузите, а доколку дојде до убод, местото да не се трие со раце или пешкир. Се препорачува испирање со морска вода и, по потреба, барање медицинска помош доколку реакцијата е посериозна.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата