Правеле забава за откривање на пол на бебето- за малку ќе ги задушеле гостите (ВИДЕО)

30.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Правеле забава за откривање на пол на бебето- за малку ќе ги задушеле гостите (ВИДЕО)

Без разлика дали се работи за балони, ефекти од чад, изненадувачки колачи или светлосни ефекти, секоја идеја носи радост и претставува уникатен спомен за секого.

Така Ејми и Бред Хамер направиле забава и скокнале од радост кога дознале дека наскоро ќе добијат ќерка. Сепак, работите не оделе како што планирале.

„Ова е водич како да НЕ го откривате полот на вашето бебе користејќи сув мраз“, напишала 31-годишната Ејми на TikTok.

Хаотичното видео собра над пет милиони прегледи, а ги прикажува идните родители како активираат уред за чад во собата со гости, пренесува New York Post.

Наскоро гледаме розова нијанса што укажува на девојче и радост на младиот пар. Сепак, работите тргнаа лошо бидејќи чад ја исполни просторијата.

@amyhamer_ Read the instructions 😬 @A.Rayner #genderreveal #dryicegenderreveal #genderrevealparty #fyp ♬ original sound - Amy Hamer

Присутните мораа да ја отворат вратата бидејќи чадот ги задушувал, а подоцна ги гледаме како се обидуваат да ја проветрат просторијата и да ја продолжат прославата.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата