Дошла со интересно писмо, објавува АП. Станува збор за книгата „Вашето дете, неговото семејство и пријатели“ од Франсес Брус Стрејн, брачен и семеен советник.
Што пишува во писмото?
Книгата била позајмена во јули 1943 година и вратена во јуни оваа година - по пошта од американската држава Орегон.
Во придружното писмо, кое библиотеката го објави на Инстаграм, испраќачот се потпишал со иницијалите P.A.A.G. и објаснил како наишол на книгата: „По неодамнешната смрт на мојот татко, наследив неколку кутии со книги што ги оставил зад себе.“
Тој додава дека книгата најверојатно била позајмена кога неговиот татко имал единаесет години.
„Мора да ја позајмила мојата баба, Марија дел Сокоро Алдрете Флорес (Кортез). Таа година се преселила во Мексико Сити за да работи во американската амбасада. Веројатно ја зела книгата со себе, а 82 години подоцна завршила кај мене.“
Огромна казна
Испраќачот на крајот од писмото заклучил: „Се надевам дека нема да има казна, бидејќи баба никогаш повеќе нема да може да ја плати.“
Библиотеката во Сан Антонио ги укина сите казни за доцнење на книгите во 2021 година. Сепак, има интересен детаљ на внатрешната корица, каде што пишува дека „казната е три центи на ден“. Без да се земе предвид инфлацијата, тоа денес би изнесувало речиси 900 долари.
Доколку таа бројка се прилагоди на денешните пари - според Бирото за статистика на трудот на САД - три центи во јули 1943 година би биле еднакви на 56 центи денес. Броејќи ги сите денови, казната за наследниците на Марија би била повеќе од 16.000 долари!