Големата дрвена структура, висока 35 метри и тешка 672 тони, е подигната на мобилни платформи и треба да се премести во центарот на градот, на пет километри оддалеченост, објави Гардијан.
Емотивни реакции од граѓаните
Преместувањето на црквата, кое се очекува да трае два дена, предизвика емотивни реакции кај локалното население, пишуваат медиумите.
За време на патувањето, светилиштето ќе се „движи“ со максимална брзина од 500 метри на час.
Сè е внимателно заштитено
Медиумите во Шведска истакнуваат дека е интересно што црквата не се расклопува, туку се преместува како целина.
Нејзиниот ентериер, вклучувајќи го вредниот олтар и оргулите од 1.000 цевки, ќе бидат внимателно заштитени за време на овој потфат.