Имено, една патничка покренала тужба против оваа авиокомпанија, тврдејќи дека за време на летот добила сериозни изгореници откако член на кабинската екипа невнимателно истурил исклучително врело кафе врз неа.
Според нејзиниот адвокат, Џонатан С. Рајтер, кафето било „екстремно врело“, а инцидентот се случил во моментот кога екипажот служел пијалаци. Последиците за неговата клиентка, како што вели, биле тешки и трајни.
– Нејзината кожа е сериозно оштетена, претрпела е интензивна болка, трајни лузни и физичко обезличување. Освен физичките повреди, присутен е и емоционален стрес, пад на квалитетот на животот и значителна финансиска штета – навел Рајтер.
Поради сето наведено, побарувањето за отштета изнесува околу 100 милиони норвешки круни (блиску 9 милиони евра). Дополнително, нејзиниот сопруг бара уште еден милион евра поради психолошка траума и нарушување на семејниот живот.
– Нема сомнеж дека служењето премногу жешки напитоци во затворен простор како што е кабината на авион претставува предвидлив ризик – додава адвокатот.
Компанијата „SAS“ потврдила дека правната постапка е во тек, но одбила да даде дополнителни коментари. Портпаролот Естајн Шмит изјавил за норвешкиот портал „Sol“ дека, поради правната чувствителност на случајот, моментално не можат да споделат повеќе детали.
Оваа тужба предизвикала бурни реакции во јавноста, а поединечни правни експерти истакнуваат дека случајот има елементи на американската правна култура, каде тужбите од милионски суми за лични повреди се многу почести, пренесува b92.net.