Изложбата, која ќе трае до 28 ноември, се промовира на официјалната веб-страница на галеријата токму со оваа слика, објавува РТС.
Турист кој сакал да направи селфи пред сликата се сопнал и паднал врз сликата, пробивајќи ја. Пукнатината е во висина на десната нога на фирентинскиот принц, а од Уфици изјавиле дека штетата може да се поправи и дека ремек делото ќе биде вратено во Галеријата за неколку дена.
Според присутните, туристот се сопнал преку оградата што е наменета да ги заштити сликите од посетителите. Сепак, на видеото не се гледа како туристот го држи телефонот, ниту дека луѓето пред него се подготвуваат да го фотографираат, па затоа динамиката на инцидентот сè уште не е јасна.
Со оглед на тоа што е идентификуван и пријавен кај карабињерите за оштетување на културно наследство, се претпоставува дека самиот ќе објасни како и зошто се случил инцидентот.
„Во саботата, турист кој сакал да позира со портрет на фирентински принц од семејството Медичи, се поместил наназад и ја удрил сликата, оштетувајќи ја. Овој проблем со туристите кои сакаат да фотографираат со уметнички дела достигна огромни размери и ќе мора да воведеме многу прецизни ограничувања за да спречиме слични однесувања кои се некомпатибилни со целта на нашите институции и почитувањето на културното наследство“, изјави директорот на Уфици, Симоне Верде, за италијанските медиуми.
Инцидентот се случил на 21 јуни - токму кога министерот за култура на Италија, Алесандро Џули, ја посетил галеријата Уфици за да го поздрави завршувањето на операцијата за отстранување на огромниот кран што стоел пред галеријата 20 години.
A #Firenze, un quadro del primo Settecento danneggiato da un turista, inciampato per una foto. È solo l'ultimo di una serie di incidenti nei musei. Il direttore degli #Uffizi annuncia nuove misure anti-selfie. #Tg1 Giovanna Savini pic.twitter.com/7gLGca5IpO
— Tg1 (@Tg1Rai) June 21, 2025
Само пред неколку дена, слична епизода се случила во Палацо Мафеи во Верона, каде што турист седнал на стол од Ван Гог направен од неколку стотици кристали Сваровски од уметникот Никола Бол, кршејќи го.
И во тој случај, причината беше фотографија. Во тоа време, директорот на Палацо Мафеи, Карлон, изјави дека видеото е објавено во јавноста не од осуда, туку од желба да се натераат луѓето да размислат за овој инцидент, бидејќи уметноста треба да се сака и ужива во неа, но треба и да се почитува.