Паника на плажа: Сите наеднаш се разбегаа, децата врескаат пред напад на инсекти (ВИДЕО)

16.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Паника на плажа: Сите наеднаш се разбегаа, децата врескаат пред напад на инсекти (ВИДЕО)

„Уживав во сончев ден, сè додека не нè погоди апокалипсата“, изјави Стефани Мартин за локалните медиуми.

Децата врескаат

Додека некои капачи бараа засолниште од нападот или трчаа кон своите автомобили, други стоеја и се смееја на неверојатната сцена. Децата врескаа и ги бркаа инсектите со лопатки и кофи со вода.

Друг сведок, Ричард Сонтаг, го опиша несреќниот настан како „инвазија“.

Видеото открива дека посетителите на плажата биле сведоци на огромен рој вилински коњчиња, кои обично се формираат за време на сезоната на парење, кога има лошо време или кога се вознемирени од човечка активност, објавува Њујорк пост.

Тие не се опасни за луѓето

Бројот на вилински коњчиња во такви ситуации може да достигне огромен број, толку многу што радарските системи ги регистрираат!

Вилинските коњчиња имаат големи, тркалезни глави речиси целосно покриени со добро развиени сложени очи, нозе прилагодени за фаќање плен во лет, два пара проѕирни долги крилја и издолжен стомак.

Тие се хранат главно со комарци и разни муви и не се опасни за луѓето.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата