Над 150 делфини од редок вид насукани на Тасманија

19.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Над 150 делфини од редок вид насукани на Тасманија

 Спасувачките екипи се обидуваат да спасат што повеќе од овие морски животни кои преживеале. Делфините се пронајдени близу реката Артур, на околу 400 километри од главниот град на сојузната држава Тасманија, Хобарт, соопштија тамошните власти.

Најмалку 136 животни биле сѐ уште живи, според првичните проверки на Одделот за животна средина на Тасманија. Причините за насукувањето засега се непознати.

„Насукувањето во оваа област е комплексно за објаснување, поради непристапноста на местото, условите на океанот и предизвиците за пренос на специјалистичка опрема до оваа изолирана област“, ​​се вели во соопштението.

Загрозените делфини, поради својот изглед познати како „лажни китови-убијци“, можат да пораснат до 6,1 метар, а тежат и до 1.361 килограм. Се наоѓаат во сите тропски и суптропски океани, главно во длабоките крајбрежни води, според податоците на Националната океанско-атмосферска администрација на САД.  

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата