Прогласен за виновен фудбалскиот функционер од Шпанија, кој бакна фудбалерка

20.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Прогласен за виновен фудбалскиот функционер од Шпанија, кој бакна фудбалерка

Поранешниот претседател на шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес, е прогласен за виновен за несакан бакнеж на доделувањето на медалите, кој и го дада на фудбалерката Џени Хермосо без нејзина согласност.

Рубиалес, кој моментално е под истрага за обвинувања за корупција во Федерацијата, предизвика големо внимание и контроверзии во 2023 година, откако го бакна Рмосо за време на прославата на победата на Шпанија на Светското првенство.

Овој инцидент, кој шокираше многумина, доведе до обвинувања за сексуално насилство.

Иако судот во Мадрид пресуди дека Рубиалес е виновен, казната не вклучува затворска казна. Поранешниот претседател на шпанската фудбалска федерација ќе биде казнет со 10.000 евра, а во сила е забрана за приближување до Хермосо на 200 метри во период од 18 месеци.

Адвокатите на фудбалерката побараа построга казна, вклучително и затворска казна, но судот донесе полесна казна, земајќи ги предвид олеснителните околности.

Судењето траеше две недели, за време на кои Рубиалес секогаш тврдеше дека бакнежот бил взаемно договорен и бил дел од прославата што следеше по историската победа на Шпанија.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата