Тие го забележале потонатото возило користејќи сонар, а властите веруваат дека тоа е поврзано со исчезнувањето од 1967 година.
„Беше чиста среќа“
Броди Лох за локалните медиуми изјави дека додека ловил риба, благодарение на сонарот, забележал необична форма во водата што личела на автомобил. Три дена подоцна, нуркачите го лоцирале и помогнале да се извлече возилото на брегот.
Човечки останки биле пронајдени во кабината на Бјуик Електра од 1963 година, а властите веруваат дека станува збор за сопственикот, Рој Бен од Соук Рапидс, кој е исчезнат од септември 1967 година.
Fisherman finds car containing human remains in Mississippi River https://t.co/feEIru7LR7 pic.twitter.com/05WhMNyeNT
— The Independent (@Independent) August 17, 2025
„Беше чиста среќа. Ако мојот пријател не фатеше риба во тој момент, веројатно само ќе продолжевме низводно и никогаш немаше да забележиме ништо“, рече Лох.
Истрагата не давала резултати
Според Бирото за исчезнати лица на Минесота, вдовецот Рој Бен последен пат бил виден како вози Бјуик во металик син боја. Тој имал 59 години во тоа време.
Според информациите од тоа време, тој бил забележан во ресторанот „Кингс Супер Клаб“ северно од Сартел. Неговиот брат Валтер соработувал со истражителите за да се обидат да откријат што се случило, но без успех.
Според записите, Бен официјално бил прогласен за мртов во 1975 година, осум години откако исчезнал. Неговите лични работи биле продадени на аукција уште во 1968 година, објавува Индипендент.
Се чека конечна потврда
Иако имало неколку траги во текот на децениите, ниту една не довело до решавање на мистеријата, изјави шерифот на округот Бентон, Трој Хек, чиј тим сега ја води истрагата. Тој потврди дека останките се испратени на понатамошна анализа со цел официјално да се потврди идентитетот.
Покрај човечките останки, во автомобилот биле пронајдени предмети што дополнително укажувале дека станува збор за Рој Бен. Според извештаите од тоа време, тој носел голема количина пари, но не било наведено дали парите биле пронајдени во возилото.
Повеќе од половина век по исчезнувањето, случајот е повторно отворен, а семејството конечно може да добие одговори на прашањата што ги мачеле толку долго.