Лаура ја продала својата невиност за 1,9 милиони евра, неверојатно е на што ги потрошила(ВИДЕО)

12.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лаура ја продала својата невиност за 1,9 милиони евра, неверојатно е на што ги потрошила(ВИДЕО)

Две години подоцна, во ексклузивна исповед за Дејли Мејл, младата Британка открива колку пари добила и кој е мистериозниот маж кој платил за „да ѝ биде прв“.

Лаура тврди дека ја продала невиноста за 1,9 милиони евра и дека не жали, а на аукцијата победил „исклучително познат холивудски актер“, чие име не е соопштено.

Таа опиша дека за време на „аукцијата“ имала можност да се сретне со потенцијалните кандидати, а актерот „победил пред политичар од Британија и бизнисмен од Дубаи“.

После тоа, бил одреден датум, а Лаура во придружба на претставник на местото за ескорт пристигнала во хотел со пет ѕвезди во Лондон, каде што ја чекал победникот на „аукцијата“.

Таа тврди дека не излегувала со актерот, во традиционална смисла, туку дека имала можност да се погрижи „да се чувствува удобно“ во негово друштво за да ги дознае „неговите сексуални преференци“.

Од друга страна, актерот донел доктор кој потврдил дека таа навистина е невина, изјавила жителката на Манчестер во својата исповед.

„Мило ми е што ја донесов таа одлука, бидејќи сум рационална личност. Имаше голема веројатност да ја изгубам невиноста со некој кој подоцна нема да се омажи за мене. Не вредеше“, додаде таа.

Таа наведува дека нејзините родители на почетокот биле изненадени, но со текот на времето изразиле поддршка за нејзината одлука како „слободна и независна жена“, пренесува Daily Mail.

 „Мислам дека никој не треба да се меша и да ми кажува со кого да спијам, на крајот на краиштата, тоа е моето тело и јас сум слободна и независна жена. Згора на тоа, јас сум полнолетна и затоа свесна за мојата одлука“, истакна таа.

Лаура тврди дека парите што ги добила ѝ го промениле животот, откако ги вложила во изнајмување имоти, како и купување нова облека и патување.

Во својата исповед таа наведува дека претходно излегувала со ѕвезди на НБА, со фудбалери од Премиер лигата и со политичари.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата