Му фрлал топка на својот миленик, а потоа сфатил дека нешто друго му го привлекло вниманието на плажата. Животното почнало да се трие од необичен предмет, па отишол да провери што е тоа.
Тогаш сфатил дека кучето пронашло стаклено шише со врежан напис и кафеава течност. Набрзо пронашол уште 10 идентични шишиња, кои ги зел и ги однел дома.
„Најпрво мислев дека е урина, а шишињата беа покрај куп школки и други остатоци што беа исфрлени покрај морето за време на бурата“, објасни тој.
Остин забележал дека на секое шише имало натпис Lincoln Inc, па решил да ја истражи мистеријата. Му се јавил на пријател и заедно пребарувале на интернет, надевајќи се на каква било информација.
Тие на крајот дознале дека тоа е виски кое се произведувало во дестилерија во Монтреал во 1930-тите, и дека компанијата згаснала кон крајот на 1970-тите.
Потоа објавил фотографии од шишињата на Reddit кои привлекле големо внимание, пренесува Fox News.
Остин објаснил дека пронајдените шишиња биле запечатени и дека верувал дека вискито е веројатно во добра состојба. Останува мистерија како тие завршиле на плажа, поточно во морето, а корисниците на Редит веруваат дека некогаш биле прошверцувани на брегот на Њу Џерси.
„За време на прохибицијата, вискито се испраќаше во близина на брегот на Џерси, а шверцерите го купуваа во чамци и го транспортираа до брегот“, напишало едно лице.
Прохибицијата значела законска забрана за производство, продажба и транспорт на алкохолни пијалоци со цел делумно или целосно искоренување на алкохолизмот.
Кон крајот на јануари 1920 година, во Америка е активиран Законот за национална забрана, познат како Volstead Act, што доведе до тешки казни, но и до нов вид криминал.
Шверцерите на алкохол заработија огромен профит, а меѓу најпознатите беше Ал Капоне. Избувнаа и војни меѓу шверцерските банди, со многу жртви.
До крајот на 1933 година, повеќето американски држави ја укинаа Прохибицијата.